Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар поразен од Ѓорче Петров
ЖРК Вардар поразен од Ѓорче Петров

ЖРК Вардар поразен од Ѓорче Петров

ЖРК Вардар беше поразен во вчерашното дерби со старо-новиот шампион на Македонија, екипата на Ѓорче Петров. Гостите победија со 25-26 во еден драматичен натпревар.

Во текот на цел прв дел имавме предност над противникот, некогаш од три, но на моменти и од еден погодок. Влеговме во финишот со гол предност, сепак гостинот успеа да изедначи на 15-15. Во вториот дел се играше околу резултатската симетрија речиси во текот на целиот период. Имавме шанси за реми, но не погодивме и бевме поразени од 25-26.

Трпевска погоди 11.пати, Стефаноска стрелаше во  10.наврати. Илиќ сопре 6.удара,  Ѓорѓиевска одбрани 3.топки.