Денес, ФК Вардар ќе го одигра последното 30.коло во ВМФЛ, во кое ќе гостува кај екипата на Кожуф. Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 17:00 часот.
Главен делител на правдата ќе биде Ристе Сејменов од Струмица, додека помошници ќе бидат Давор Дишлиевски од Кавадарци и Ване Дупкаров од Неготино.
Натпреварот е без резултатско значење за двете екипи, со оглед дека Вардар го осигура 3.место кое носи бараж за пласман во ПМФЛ, додека Кожуф обезбеди опстанок.