Кадетите на ФК Вардар забележаа убедлива победа на натпревар од 20.коло во Супер Лигата. Денес на теренот во Пржино, нашите млади надежи со високи 4:0 ја поразија екипата на Пелистер, победа која добива на тежина со оглед дека денес настапивме со мешан состав, во кој доминираа играчи родени 2006 година, имаше и играчи 2007 и 2005 генерација.
Уште во првото полувреме ги решивме сите дилеми околу конечниот победник, кога после 45 минути игра имавме предност од 4:0. Уште во 13.минута од мечот, Марко Николовски откако влезе во противничкиот шеснаесетник, се ослободи од еден играч, и биеше прецизно за 1:0. Вардар доминираше на овој натпревар, за во 31 минута со силен и прецизен удар на Кристијан Галевски кој биеше од некаде 20.метри за водство од 2:0.
Емир Шаботиќ кој е репрезентативец на Македонија до 16 години, исто така денес се запиша во листата на стрелци, за предност од 3:0. На голот претходеше центар шут од десната страна на Галевски, најпрво биеше Николовски, за топката да се одбие до Шаботиќ кој ја затресе противничката мрежа за водство од 3:0. Во 42 минута гол постигнува и Христијан Стојановски после добро додавање од Лефковски, за водство од 4:0.
Во вториот дел имавме можност да го зголемиме резултатот, во шанси се најдоа Гаштаров и Цониќ, но немаше погодок. Целосна доминација на нашиот состав и заслужена победа.
Вардар: Андреј Данстак (К), Хадис Рамани, Драган Јанкоски, Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Христијан Стојановски, Кристијан Галевски, Емир Шаботиќ, Лука Атанасовски, Андреј Петровски.
Играа уште и Михаил Танчев, Максим Цониќ, Дамјан Алексовски и Хабиб Бектеши.