Денес на теренот во Кадино, натпревари од 20.коло во регионалната Скопска Лига одиграа генерациите 2008 и 2009 кои беа домаќини на екипата на Шкупи.
Генерацијата 2008 успеа да стигне до висока победа изразена со резултат 4:0, со голови во вториот дел од натпревар. Избраниците на Влатко Колев имаа поголем посед на топка и во првиот дел од натпреварот, период во кој имаа неколку обиди, но сепак на полувреме се замина со почетните 0:0.
Во 49.минута, вардарци успеваат да поведат со 1:0 со погодокот на Ендрит Кадрији кој стрелаше, после центар шут на Буцевски. Целата игра беше пренесена на противничката половина, за во 52.минута со одличен гол на Илија Митаноски кој од некаде 20.метри го лобуваше голманот на Шкупи за предност од 2:0.
Без разлика на предноста, продолживме со офанзивата, таквата игра ни донесе и предност од 3:0, се играше 64.минута кога после една длабинска топка, Дамјан Буцевски беше играчот кој со глава успева да се запише во листата на стрелци. Конечните 4:0 на натпреварот во 77.минута ги постави нововлезениот Давид Трпевски, после центар шут од десната страна на Буцевски.
Вардар: Павел Грбевски, Данило Делев, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Дамјан Блажев, Ендрит Кадрији.
Играа уште и Давид Трпевски и Никола Јовановски.
Вардар прв успеа да го отвори резултатот на овој натпревар и да поведе со голот на Коста Бошковски, кој излезе очи во очи со противничкиот голман за водство од 1:0. Следеше пад во нашата игра, а Шкупи до крајот на натпреварот го сврте резултатот во своја корист и славеше со резултат 1:3. На полувреме беше 1:1 откако противникот даде гол од белата точка, а исто така во овој дел од натпреварот ја погодија пречката од голот на Баснарков.
Во второто полувреме, Шкупи постигна уште два гола и славеше со резултат 1:3.
Вардар: Марко Баснарков, Максим Дошев, Павел Котески, Лука Грчевски, Матеј Ристевски, Коста Бошковски, Давид Колевски, Вилијам Ангеловски (К), Лука Галевски, Андреј Јовиќ, Мартин Смиљков.