Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Михаил Кузмановски донесе три бода за младинците на ФК Вардар во дербито со Пелистер
Михаил Кузмановски донесе три бода за младинците на ФК Вардар во дербито со Пелистер

Михаил Кузмановски донесе три бода за младинците на ФК Вардар во дербито со Пелистер

Михаил Кузмановски донесе три бода за младинците, на натпревар во Супер Лигата против екипата на Пелистер. Црвено-црните во дербито на колото на домашен терен беа подобри од битолскиот тим со резултат 1:0.

Вардар денес доминираше на натпревар, на кој создаде доста шанси за поголема победа, сепак и единствениот погодок на Кузмановски донесе три бода

Во првиот дел имавме обиди да го отвориме резултатот, преку Тино Спасиќ и Огнен Здравковски, кои беа неуспешни. Пробиви во првиот дел од десната страна имаше и Фидановски и центар шутеви, но секогаш недостасуваше некој само да ја забие топката во голот.

Во вториот дел, во 55 минута Михаил Кузмановски со убав гол кој заврши под пречката и во мрежата на Пелистер успеа да донесе предност од 1:0. На голот претходеше изведен аут од Фидановски, кој додаде до Здравковски, овој ја префрли топката со глава која стигна до Кузмановски, кој со волеј удар успеа да го совлада гостинскиот голман. Треба да се одбележи и одбраната на Леонид Илиевски кој спаси чист погодок, после контра напад на гостинските играчи. На крајот, Вардар победи и освои три бода.

Вардар: Никола Филевски, Нуман Ајетовиќ, Раман Рахми, Лука Јакимовски, Огнен Здравковски (К), Зоран Фидановски, Михаил Кузмановски, Виктор Стефановиќ, Матеј Митревски, Тино Спасиќ и Симеон Здравковски.

Играа уште и Влатко Кулуковски, Димитар Стојановски, Филип Радевски и Филип Јовановски.