Познат распоредот на одигрување натпревари на второто издание на силниот меѓународен турнир „Вардар Куп“, кој во периодот од 9-11.јуни ќе се одржи на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари.
Избраниците на Влатко Колев го отвараат турнирот на 9.јуни со натпревар против екипата на Раднички Ниш, за следниот ден да играме со екипата на Лудогорец.