Генерациите 2010 и 2012 на ФК Вардар со победи го стартува младинскиот турнир во Охрид.
Генерацијата 2010 предводена од Златко Тасески одигра два натпревари и забележа исто толку победи. На отварање на турнирот бевме подобри од екипата на Шкупи 2, која ја победивме со резултат 6:0. Коста Георѓиевски постигна два гола, додека по еден гол беа дело на Алек Томев, Михајло Павлов, Лука Митевски и Марин Крстевски.
Висока победа забележавме и на вториот натпревар, на кој за противник ја имавме екипата на Ла Масиа од Охрид. Црвено-црните одиграа нов добар натпревар и славеа со резултат 4:0. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. Се работи за Лука Митевски, Алек Томев, Михајло Павлов и Коста Георѓиевски.
Победнички старт на турнирот имаше и генерацијата 2012. Избраниците на Сашо Тодоровски во рамките на 1.коло ја победија екипата на ССК со резултат 3:1. Во листата на стрелци се запишаа Лука Ташовски, Петар Бошковски и Никола Пеневски.
Утре продолжуваме со настапи на турнирот.