Денес на програмата беше вториот натпреварувачки ден на младинскиот турнир во Охрид, на кој фудбалскиот клуб Вардар се натпреварува со две екипи.
Генерацијата 2010 ги заврши настапите во 1/4 финалето, откако загуби од екипата на Јанг Тим од Струга со резултат 4:0. Претходно во рамките на 3.коло во групата со резултат 2:0 ја победивме екипата на Биџо од Куманово, со головите на Марин Крстевски и Коста Георѓиевски.
В0 4.коло го претрпевме првиот пораз во групата, натпревар кој немаше резултатско значење за нашиот тим, на кој бевме поразени од екипата на Пелистер со резултат 1:4. Стрелец на единствениот гол за нас беше дело на Лука Митевски.
Генерацијата 2012 под водство на Сашо Тодоровски успеа да се избори за полуфинале на турнирот, откако во 1/4 финалето со резултат 4:2 ја победија екипата на Некст Левел. Иван Савевски постигна два гола, додека по еден беа дело на Лука Ташовски и Петар Бошковски.
Претходно во групната фаза, стигнавме до триумф против екипата на Некст Левел со резултат 3:0. Петар Колевски, Иван Савевски и Петар Бошковски беа стрелци на головите. Во групата го освоивме првото место, откако остваривме минимални победи со резултат 1:0, во соочувањата со Ускана и Ултрас, стрелци на головите беа Петар Бошковски и Петар Симов.