Ракометниот клуб Вардар попладнево го имаше својот прв собир во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
На првиот тренинг се појавија новите засилувања, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Косуке Јасухира, Нилтон Мело, додека деновиве треба да се приклучи и Ансер Родригез.
Црвено-црните неколку дена ќе тренираат во С.Ц. Јане Сандански, по што ќе заминат на подготовки во Маврово. Владо Недановски останува главен тренер, додека негов помошник ќе биде Стојанче Стоилов.