Тимот на РК Вардар ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, со првиот тренинг во С.Ц. Јане Сандански.
Со оглед дека Стојанче Стоилов најави крај на играчката кариера, Вардар мораше да одреди капитен за новата сезона, а таа улога ќе ја има искусниот Гоце Георгиевски. Негова замена ќе биде Томислав Јагуриновски.
Вардар ќе се обиде да стигне до групната фаза во Лигата на Европа, но за тоа да се случи ќе треба да биде подобар во двомечот со екипата на Рајн Некар.