Нова ракометарка на ЖРК Вардар ќе биде Симона Василева од шампионот Ѓорче Петров. Таа е засилување број три на тимот.
Играше во Ѓорче Петров каде претходните две сезони и на двапати се радуваше на титулата во домашниот шампионат. Василева е ракометарка која настапува на сите бековски позиции, а може да одигра и како пикер.
Младата ракометарка во својата кариера беше дел и од екипите на Спартак, Цемс и Металург. Станува збор за квалитетен бек кој ќе ја подобро надворешната линија на црвено-црните