Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Стефан Симоновски: Оваа пролет очекувам големи успеси
Стефан Симоновски: Оваа пролет очекувам големи успеси

Стефан Симоновски: Оваа пролет очекувам големи успеси

Стефан Симоновски е член на помладите пионери на црвено-црните и има 14 години. Неговите  почетоци во фудбалот беа во општинските фудбалски клубови во Општината Илинден од каде тој потекнува, тој бил член на  ФК Илинден, ФК Марино и ФК Кадино. Со фудбалската топка се “дружи“ од најмали нозе ,  почнал да  тренира  фудбал  од  неговата 8-годишна возраст. Во фудбалскиот клуб Вардар е  од Ноември 2014. Помладите пионери отпочнаа со подготовките за пролетните возбудување ,дел од тренинзите имаат  и во тренинг ценарот на Вардар во Н.Хиподом.

 Од тренинг центарот и од можноста за подготовки кои ги нуди сум презадоволен. Сите потреби се задоволени за да ги одржуваме нашите напорни тренинзи предводени од нашиот тренер Сашо Јанев. Но, тие напорни тренинзи се исплатеа, бидејќи сме на првото место на табелата.Подготовките на помладите пионери за новата полусезона течат добро. Започнавме со подготовките на 20-ти јануари, каде нашите тренинзи преку неделата ги одржуваме покрај кејот на Вардар, бидејќи нашиот тренинг центар сеуште е во изградба, а за време на викендите, нашите тренинзи ги одржуваме во спортскиот центар на сениорската екипа на Вардар, кој се наоѓа во Хиподром.

Младиот вардарец Симоновски ни дава оценка за есенскиот дел од оваа сезона, но и за очекувањата во пролетниот дел кој следи. Избраниците на Сашо Јанев кој ја води оваа генерација имаа блескава есен со само едно реми во првиот меч, по што следуваа десет меча во кои победиа без ниту еден примен гол.

 Од пролетната полусезона очекувам големи успеси. Ќе биде тешко, бидејќи сите фудбалски клубови сакаат да го победат Вардар. Но, ние со нашата напорна работа, се надевам дека ќе имаме голем број триумфи за на крај на полусезоната да завршиме први на табелата и да ја освоиме лигата. Од есенската полусезона сум презадоволен. Одигравме 11 натпревари, од кои на 10 средби победивме, а само на 1 средба изигравме нерешено. Примивме само еден гол, и тоа беше против екипата на Работнички, каде завршивме нерешено. Како екипа, одигравме одлично оваа полусезона. Нашата тимска работа беше во најдобар ред и се надевам дека ќе го одржиме нашето темпо. Како поединец, немав многу голема минутажа во есенскиот дел. Но, ќе се борам за своето место во Вардар, со напорните тренинзи кои следат и се надевам дека таа желба ќе ми се исполни. Изјави Стефан Симоновски за Вардар фанс.

Михајло Тушевски