Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година) во периодот од 14 до 19 август ќе одржи тренинг камп во Кичево.
Селекторот Раде Каранфилоски, за тренинг кампот во Кичево ги повика нашите играчи, Душан Бојовиќ Заев и Стефан Стаматовски.
Младата селекција кон крајот на август ја очекуваат два контролни натпревари против соодветната репрезентација на Турција.