Избраниците на Гоце Седлоски денес со победа ја стартуваа новата година. На зимските подготовки во Анталија се сретнавме со австрискиот бундеслигаш Волфсбергер. Вардар успеа да победи со 3-2. За првпат во вардаровиот дрес заиграа Којашевиќ ,Ќеран кој се со договор и Денковски и Нимани кои се борат да добијат доверба кај Седловски и да ја официјализираат соработката со македонскиот шампион.
За црвено-црните стрелаа во првиот дел Попов во 33 минути, а во вториот дел “новаците“ Ќеран во 68 минута и Нимани во 71 минута од овој тест-дуел. За Волфсбергер во нашата мрежа стрелаа Пуче 39 минута во Уедраого 89 минута. Во продoлжение ќе може да ги погледнете головите од овој дуел :