Monday ,28 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема одмор за Вардар утре втор тест, играме со швајцарски Вил 1900
Нема одмор за Вардар утре втор тест, играме со швајцарски Вил 1900

Нема одмор за Вардар утре втор тест, играме со швајцарски Вил 1900

Фудбалерите на нашиот црвено-црн колектив од 20-ти месецов  престојуваат во познатиот зимски центар за подготовки Анталија во Република Турција. Вардарци се сместени во луксузниот хотелски ресорт „Калиста“ кој е база на црвено-црните за одработување на тренизите. Вардар вчера го имаше во Анталија и првиот тест со австрискиот бундеслигаш Волфсбергер, мечот го добивме со 3-2. За нас стрелаа на истиот Попов во 33 минути и “новаците“  Ќеран во 68 минута и Нимани во 71 минута од дуелот.

Видеото од мечот со австрискиот бундеслигаш Волфсбергер може да го погледнете (ТУКА) . За избраниците на Гоце Седлоски, шефот на стручниот штаб на црвено-црниот македонски шампион нема многу одмор, тие веќе утре ќе го играат и вториот контролен-натпревар на овие зимски подготовки во Анталија. Утре ќе играме дуел со швајцарскиот тим  Вил 1900, мечот е закажан во 14-00 по Македонско време. За место на одигрување по договорот помеѓу двата тима е одреден  теренот “ WOW Center Lara“, а од утрешниот меч како  и од вчерашниот ќе има директен видео стрим во живо за следење на возбудувањата од Турција.