СПретстојниов викенд стартува новата натпреварувачка сезона во женската ракометна Супер Лига. Во рамките на 1.коло, Вардар е домаќин на тимот на Чаир.
Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (16.09) во спортската сала „Круме Кепески“ со почеток од 18:00 часот.
Дејан Георгиевски и Димитар Георгиевски ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Митко Георѓиевски.