Пред почетокот на големото ракометно дерби, кое Вардар го доби во своја корист со резултат 30:25, на Стојанче Стоилов и Борко Ристовски им беа подарени врамени дресови, како благодарност за нивниот придонес како играчи на клубот. Двајцата веќе ја завршија играчката кариера, но останаа во клубот.
„Тажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот, изјави Михајловски