Утре, екипата на ФК Вардар ќе го одигра единствениот натпревар од 1/16 финалето во Купот против екипата на Беса.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот во с.Врапчиште со почеток од 15:00 часот.
За главен судија е делегиран Крумислав Ѓорѓиев од Штип, додека негови помошници ќе бидат Даниел Василевски од Скопје и Кристијан Џонов од Штип.
Победникот од натпреварот ќе се пласира во следната елиминациска рунда.