Изминатиов викенд стартуваше новата натпреварувачка сезона во женската ракометна Супер Лига. Дербито се одигра во Кисела Вода, каде Вардар и Чаир во еден драматичен натпревар на крајот ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат. На останатите натпревари до победи стигнаа фаворитите.
Комплетни резултати од првото коло:
Шампион – Овче Поле 22:30
Пелистер – Ѓорче Петров 27:42
Стружанка – Деспина 25:16
Астибо – Скопје 27:37
Гевгелија – Куманово 15:43
Вардар – Чаир 29:29
Металург Автокоманда – Спартак 31:23