Во рамките на 8.коло во ПМФЛ, екипата на ФК Вардар е домаќин на Гостивар.
Натпреварот ќе се одигра во недела (24.09) со почеток од 15:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Стојанче Стојанов од Штип е делегиран за главен судија, а него ќе му помагаат Петар Новачев и Роберт Црвенов од Велес.
Важен натпревар за Вардар, кој мора едноставно да се добие.