Натпреварувачката сезона 2023/24 во Регионалната Скопска Лига ќе стартува од следниот викенд.
Во новата сезона ќе гледаме поинаков систем на натпреварување, односно ќе има две групи.
Вардар е дел од групата 1, во која уште ќе се натпреваруваат и екипите на Скопје, Шкупи, Парк, Аеродром, Форца, Милано, Партизан Кидс, Албион и Драчево Јуниор.
Во рамките на првото коло кое напоменавме дека ќе се одигра следниот викенд, на домашен терен ќе го пречекаме тимот на Скопје.
Генерацијата 2009 е предводена од Илија Колевски, додека предводник на генерацијата 2010 е Зоки Тасески.
Втората група ја сочинуваат екипите на Куманово, Работнички, Њу Старс, Биџо, Грозданоски, Дрим Тим, Кул, Македонија Ѓ.П, и Шкендија.