Во рамките на 3.коло во машката ракометна Супер Лига, РК Вардар е домаќин на тимот на Пролет 62.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 12:30 часот во малата сала на СЦ.Јане Сандански. Судиската двојка ја сочинуваат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.
После две одиграни кола, Вардар и Пролет имаат максимални 6 освоени бодови.