Денеска ќе се одигра последното коло од новоформираните групи на европското ракометно првенство во Полска. По завршување на сите мечеви, ќе бидат познати патниците во полуфиналето и оние кои ќе ја имаат можноста да се борат за еден од медалите. На овој мундијал учество земаа и 13 ракометари, кои доаѓаат од редовите на нашиот ракомет шампион, односно Вардар беше тимот кој “носеше“ најголем број на репрезентативци на ова првенство.
Први кои ја напуштија Полска и се вратија на подготовките со црвено-црните, беа Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ. Овие двајца настапувајќи за Српската репрезентација не успеаа да се пласираат во следната групна фаза, откако во трите натпревари освоија само еден бод и тоа оној во дуелот со Македонија. За денес останува дилемата, кои играчи од црвено-црниот состав ќе имаме можност да ги гледаме во полуфиналето. Најголеми шанси дефинитивно има Вардаровото трио, во составот на Шпанската репрезентација. Штербик, Македа и Душебаев се блиску до остварување на оваа цел, но само под еден услов, а тоа е вечерва да ја победат одличната Русија, која прикажува добри игри. Избраниците на Каденас ја победија Унгарија и така си ги зголемија шансите. На овој меч, Македа беше стрелец на 3 гола, додека Душебаев постигна1. Во оваа група, врвот го држи Данска со 7 освоени бодови, Шпанија и Германија се на втората и третата позиција со идентични 6 бода. Данците синоќа безпотребно си го искомлицираас својот пласман во најдобрите четири екипи, откако на 2 минути пред крај испуштија три голови предност против Шведска и одиграа со нерешен резултат. Така во оваа група се е отворено за можните два патници во плуфиналната рунда. На Данска ќе и биде потребен и бод, додека Шпанија и Германија мораат да одат на победи. Токму Данска и Германија ќе одлучат во меѓусебен дуел. Русија пак за која играат Дибиров, Горбок и Шишкарев ќе се обидат да ја задржат 4 позиција во оваа група.
Во групата 1 дури четири репрезентации се во борба за пласман во полуфинале. Од нив со најмали шанси е селекцијата на Хрватска, за која настапуваат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Чудо треба да се случи, за Хрватска да ја доби Полска со поголема разлика, а Франција да загуби во дуелот со Норвешка. Но сите карти во оваа група се отворени, подобрите но и посреќните селекции од денешните мечеви ќе си обезбедат пласман во најдобрите 4 селекции на овој мундијал. Македонија ќе се обиде со победа против Белорусија да ја заврши групата. Стоилов, Манасков и Лазаров само ја зголемуваат бројката на Вардарови ракометари кои се дел од ова големо натпреварување. Се надеваме вечерва на добра игра и конечно победа на овој мундијал.