Ракометарите на Вардар стигнаа до својата третта последователна победа во домашното првенство. Денес во малата сала на СЦ.Јане Сандански, црвено-црните со убедливи 31:20 ја победија екипата на Пролет.
Вардар играше доволно за да стигне до уште еден триумф и да му го нанесе првиот пораз сезонава на Пролет 62. На полувреме се стекнавме со предност од 16:8. Откако и двете екипи го постигнаа својот прв гол, вардарци постигнаа два гола во серија и поведоа со 3:1. В0 11.минута беше и 7:3 за нашиот состав, па беше јасно како ќе тече натпреварот во продолжение, за по истекот на првите 30 минути да имаме осум гола предност.
Игравме со половина сили и во вториот дел од натпреварот и не му дозволивме на противникот да се понадева дека може да се доближи резултатски. По пет минути игра во второто полувреме, Пролет намали на 17:11, но Вардар со голот на Петриќ во 45 минута имаше водство од 24:16. Прв пат двоцифрена предност имавме во 47 минута кога резултатот гласеше 27:17, до крајот се беше рутина за Вардар кој славеше со резултат 31:20.
Кај Вардар се истакнаа Стефан Петриќ со 7 гола и Хансер Родригез со 6 гола.