Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три бода за помладите пионери на гостувањето во Прилеп
Три бода за помладите пионери на гостувањето во Прилеп

Три бода за помладите пионери на гостувањето во Прилеп

Стефан Бујароски донесе три бода за помладите пионери, на гостувањето во Прилеп.

Во рамките на 3.коло во помладата пионерска Супер Лига, Вардар со двата гола на Стефан Бујароски успеаа да биде подобар од тимот на Победа од Прилеп. Конечниот резултат гласеше 0:2 (0:1).

Избраниците на Влатко Колев играа напаѓачки фудбал во текот на целиот натпревар и таквиот пристап на крајот даде резултат. Пред да го отвориме резултатот, во шанси се најдоа Буцевски и Митаноски , но голманот на прилепчани успешно одбрани и спречи рана негатива за својот тим. Пред крајот на првиот дел, односно во 43.минута успеавме да го отвориме резултатот на 0:1 со голот на Стефан Бујароски, откако Блажевски се избори добро, асистираше до Бујароски кој донесе предност за вардарци. Во 21.минута од натпреварот и двете екипи останаа со играч помалку, откако главниот судија додели два црвени картони по еден на двете страни, кај нас играта мораше да ја напушти Илија Митаноски.

Игравме офанзивно и во вториот дел од овој натпревар во Прилеп. Во 56.минута после центар шут на Буцевски од корнер, на вистинското место се најде Бујароски кој со својот втор гол денес донесе предност од 0:2. Вардар мирно и паметно ја одржуваше позитивата и не му дозволи на противникот да направи некоја посериозна шанса кон нашиот гол. Ние имавме уште обиди преку Лазаревски и Буцевски, но немаше нов погодок. На крајот конечниот резултат гласеше 0:2.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Стефан Стаматоски и Стефан Бујароски.

Играа уште и Ендрит Кадрији, Данило Делев, Михаил Алексов, Михаил Симоновски и Кристијан Лазаревски.