Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар беа домаќини на прилепска Победа. Гостинот на оваа средба победи со 1:3.
Во првиот дел на теренот во Кадино противникот беше поконкретен во завршницата најпрвин прилепчани поведоа со 0-1. Направивме играчка рамнотежа, но не успеавме да изедначиме. По една грешка на одбраната Победа ја удвои нашата негатива и поведе со 0-2. Во финишот се обидовме истата да ја преполовиме преку Танчев кој ја имаше најдобрата прилика за погодок кај црвено-црните кадети, сепак на одмор заминавме со два гола негатива.
Вториот дел го започнавме офанзивно Галевски по корна од десната страна дојде до топката и упати два удара, првиот го одбрани голманот на гостите, одбиената топката ја упати во пречката. Во 54.минута добивме пенал, Танчев изведе смирено и погоди за 1:2 со одмерен удар. Шанса за изедначување имавме преку Галевски чиј шут од слободен удар го одбрани гостинскиот голман. Најголемата шанса за реми ја имаше Смиљков кој со глава упати удар крај стативата од неколку метра. Стигна казна ривалот ја искористи нашата офанзива и тоа што бевме преселени на неговата половина, па по една контра погоди за 1:3.
Вардар: Максим Краљевски (К), Мичо Поповски, Филип Смиљков, Ангел Настевски, Крстевски Марко, Танчев Михаил, Бектеши Хабиб, Галевски Христијан, Ѓорѓиевски Матеј, Спасовски Милош и Андреј Ѓуровски.
Играа уште: Туша, Анастасов и Камчев.
На домашен терен младинците по негативата со 0-1, направија пресврт и ја совладаа ФК Победа со 4-1
Младинците на Вардар тргнаа офанзивно на дуелот во Кадино, на почетокот се заканивме преку Тино Спасиќ и Антонијо Крстевски. Црвено-црните имаа повеќе од играта во поле. По едно невнимание на нашата одбрана ривалот поведе со 0-1. Веднаш се заканивме преку Марко Николовски чиј удар мина крај левата статива, истиот играч имаше прилика и потоа. Конечно изедначиме преку Бундалески, кој ја награди нашата офанзивна игра и залагање и стрелаше за 1-1. Ние напаѓавме се до финишот на овој период.
Вториот дел започна како што заврши и првиот со наша офанзива, Николовски Марко прв се закани кон голот на прилепчани. Потоа стрелецот на израмнувачкиот погодок Бундалески се обиде да погоди. Нововлезениот, Уневски Никола погоди фантастично, ја имаше топката на 25.метра, тргна во пробив и со удар во спротивниот агол, атрактивно погоди за пресврт и наше водство со 2-1 во 70.минута. Гаштаров имаше две минути потоа шут над гредата, кој можеше да стави печат на натпреварот. Во финишот со два гола дојдовме до убедлива победа со високи 4-1. Најпрвин Јакимовски Лука стрелаше во 86.минута, а Лефковски Давор погоди во 90.минута.
Вардар: Никола Филевски (К), Зоран Фидановски, Атанасовски Лука, Давор Лефковски, Бундалески Максим, Матеј Гаштаров, Радевски Златко, Тино Спасиќ, Антонијо Крстевски, Шаботиќ Емир и Марко Николовски.
Играа уште: Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Стефановиќ Виктор, Цветановски Матеј, Уневски Никола и Радевски Филип.