Wednesday ,17 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прва сезонска победа за ЖРК Вардар во Супер Лигата
Прва сезонска победа за ЖРК Вардар во Супер Лигата

Прва сезонска победа за ЖРК Вардар во Супер Лигата

Нашата сениорска екипа ја забележа првата победа сезонава во Супер Лигата. Денес гостувавме кај екипата на Скопје, од која бевме подобри со резултат 19-35 (8-23).

На почетокот тимот на Скопје поведе со 2-3 во 5.минута и тоа беше наша последна негатива, додека преку Бојана Радевска успеавме да дојдеме до резултатска симетрија 3-3. Од минута во минута ја зголемувавме предноста над домаќинот, точно на половината на првиот дел со голот на Тамара Ивановска прв пат отидовме на шест плус разлика, кога резултатот на семафорот гласеше 5-11. До крајот на првиот период бевме во налет, на одмор заминавме со дури 15.гола повеќе. На паузата беше 8-23 резултат кој го постави Радевска на осум секунди пред крајот на првиот дел од овој натпревар.

На стартот на вторите 30.минути капитенот, денес најефикасната Трпевска Ивона погоди за највисоки во тој момент 16.гола позитива 8-24.

Во вториот дел, Царчев и Платон им дадоа шанса од клупата на сите ракометарки кои беа во ростерот за овој натпревар. Одлични бевме во поле сите, а голманското трио Ѓорѓиевска-Илиќ-Галачева денес имаше 50% одбрани. Победата дојде со резултат 19-35.

ЖРК Вардар: Стојчевска, Ивановска 5, Попова, Стефаноска 3, Галачева, Галевска 1, Василева 1, Велјаноска 1, Илиќ, Борјана Коцева 5, Трпевска 13, Кимовска, Симоновска, Радевска 6, Ѓорѓиевска, Милевска, Бојана Коцева 1.

На голот, Вероника Ѓорѓиевска имаше 7 одбрани, исто колку и Марија Галачева, додека Андреа Илиќ запиша 5 одбрани