Претстојниов викенд стартува новата натпреварувачка сезона во машката ракометна младинска Лига. На стартот на сезоната, младинците на РК Вардар се домаќини на екипата на РК Алкалоид.
Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (30.09) со почеток од 14:00 часот во спортската сала „Круме Кепески“
Во младинската лига сезонава ќе се натпреваруваат вкупно 13 екипи. Покрај Вардар и Алкалоид, во лигата ќе играат и екипите на Еурофарм Пелистер, Прилеп, Охрид, Овче Поле, Бутел, Мулти Есенс, Пролет, Младост, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и РК Голден Арт КЛ7.
Вардаровите младинци ќе бидат предводени од Даниела Тасевска.