Екипата на РК Вардар стигна до четвртата последователна победа во Супер Лигата, откако запиша бодови и на гостувањето кај екипата на РК Прилеп. Рутински триумф за црвено-црните кои славеа со резултат 22:35.
Уште од стартот на натпреварот имавме контрола на играта и резултатот, а на полувреме имавме солидна предност од 11:18. Половина од головите во овој дел ги постигна Матија Николиќ.
Во вториот дел само растеше водството, за на крајот да славиме со 13 гола разлика, конечниот резултат гласеше 22:35.
Матија Николиќ беше најефикасен со 10 голови, Томислав Јагуриновски имаше 7, додека Хансер Родригез постигна 4 гола.