Младинската екипа на ФК Вардар, денес во рамки на 5.коло на домашен терен ја совлада екипата од Тетово, тимот на ФК Тетекс со високи 6-0 (3-0).
На самиот почеток имавме инцијатива, па веќе во 2.минута поведовме со 1-0, а по пет минути игра во 7.минута ја удвоивме предноста. Првите два гола беа идентични, Ангел Настевски асистира за Филип Радевски во двата случаја, а пак Радевски стрелаше два пати успешно и веќе по седум минути игра во Кадино имавме „капитална“ предност. Доминиравме до крајот на првите 45.минути, на одмор заминавме со предност од 3-0. Последниот погодок во првиот дел го постигна Никола Уневски во 41.минута, најпрвин доби асистенција од Антонијо Крстевски, излезе сам на сам со голманот на “штофарите“ и погоди за 3-0.
На почетокот на вториот дел имавме иницијатива како и до тогаш, нововлезениот Гаштаров и Уневски први имаа свои прилики кои не донесоа погодок. Во 55.минута топката ја имаше Матеј Цветановски, одлично го пронајде Уневски Никола кој погоди за 4-0. Се беше во наш знак, имавме доминација, имавме посед, креиравме шанси и погодоивме уште два пати до крајот на оваа младинска средба. За високи 5-0 стрелаше Гаштаров Матеј 69.минута по асистенција на Кукуловски, На 15.минути до крајот беа поставени конечните 6-0, тој беше креација на дваја играчи кои влегоа од клупата во вториот дел. Марко Николовски асиститаше до Туша Агрон кој погоди во 75.минута за три бода со триумф од шест гола.
Вардар: Илиевски Леонид, Настевски Ангел, Кулуковски Влатко, Дошев Ѓорѓи (K) , Кузмановски Михаил, Уневски Никола , Цветановски Матеј, Спасиќ Тино, Крстевски Антонијо, Спасовски Милош и Радевски Филип.
Играа уште: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Туша Агрон, Гаштаров Матеј, Јаневски Михаил, Николовски Марко и Лефковски Давор.