Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Продолжува победничката серија за помладите пионери на ФК Вардар, три бода на гостувањето кај Тетекс
Продолжува победничката серија за помладите пионери на ФК Вардар, три бода на гостувањето кај Тетекс

Продолжува победничката серија за помладите пионери на ФК Вардар, три бода на гостувањето кај Тетекс

Помладите пионери ја продолжуваат победничката серија во Супер Лигата, откако денес славеа и на гостувањето кај екипата на Тетекс. Конечниот резултат гласеше 2:4 ( 1:2).

Лошо започна натпреварот за избраниците на Влатко Колев, со оглед дека домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот за 1:0, сепак Вардар успеа бргу да се врати на натпреварот и да го израмни резултатот преку Ендрит Кадрији за 1:1. На израмнувачкиот погодок претходеше акција од левата страна, каде после долга топка од Бујароски, Цветковски беше играчот кој упати центар шут до Кадрији, кој успеа да ја погоди противничката мрежа. До крајот на првиот дел, успеавме да направиме резултатски пресврт и да поведеме со 1:2 со голот на Петар Блажевски, после асистенција од Буцевски. На полувреме се замина со наше минимално водство од 1:2.

Вториот дел започна исто така со наша иницијатива, но после едно невнимание на нашата одбрана, екипата од Тетово успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 2:2. Вардаровите надежи беа упорни и продолжија со иницијативата, која даде резултат. Избраниците на Колев ја вратија предноста и успеаа да поведат со 2:3 со голот на Кристијан Лазаревски со глава, после центар шут од Јевтоски. До крајот на мечот, се играше последната минута од натпреварот кога Дамјан Буцевски после една наша добра акција, успеа да погоди за 4:2, кој беше и конечен резултат на овој натпревар од 5.коло во помладата Пионерска Супер Лига. Ова беше четврти триумф во серија за нашите помлади пионери.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Иван Ташовски К), Душан Бојовиќ Заев, Стефан Бујароски, Петар Блаежевски, Матеј Георгиев, Ендрит Кадрији, Стефан Стаматоски и Данило Делев.

Играа уште и Дамјан Буцевски, Матео Каранфилоски, Кристијан Лазаревски и Михаил Алексов.