Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Втора последователна победа за пионерите на ФК Вардар
Втора последователна победа за пионерите на ФК Вардар

Втора последователна победа за пионерите на ФК Вардар

Пионерите стигнаа до втората последователна победа во Супер Лигата. Избраниците на Димо Мушу славеа со резултат 0:2 (0:0) на гостувањето кај екипата на Тетекс.

Во првиот дел од натпреварот не видоме погодоци, иако Вардар постигна два гола, но истите беа поништени од главниот судија на овој натпревар, поради офсајд позиција и направен прекршок. Во овој дел од мечот во прилика се најде и Филип Дамевски, но неговиот удар со „ножички“ заврши над голот.

Пред да го отвориме резултатот во вториот дел, удар на голот на противникот имаше Стефан Атанасовски, како и уште еден поништен гол на нашиот тим, поради офсајд од Керими. Прашање на време беше само кога ќе успееме да го отвориме резултатот, а тоа се случи во 55.минута кога после центар шут на Јорданоски, најпрво голманот ја одби топката, за истата да стигне до Иван Блажевски кој успеа да донесе водство од 0:1. Во 79.минута ставивме „печат“ на победа со голот на Стефан Анатанасовски, на кој претходеше асистенција од Керими. Во шанса да се зголеми резултатот се најдоа уште и Ненад Стојанчевски , кој биеше со глава, но голманот на Тетекс одлично одбрани, како и Иван Блажевски , но и Бобан Бакрачески кој биеше над голот. На крајот конечниот резултат на овој натпревар од 5.коло во пионерската Супер Лига гласеше 0:2.

Вардар: Лука Грчевски, Алексеј Ивановски, Стефан Стефановски, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски (К), Ненад Стојанечвски, Кристијан Каруловски, Гаврил Петаноски, Марко Џолев, Гоце Трајчевски, Филип Дамевски.

Играа уште и Фуад Керими, Филип Стефанов, Бобан Бакрачески, Марко Блажевски и Лука Северов.

На пет одиграни натпревари, вардаровите пионери имаат скор од две победи и три нерешени резултати. Своето деби за пионерите на денешниот натпревар го имаше голманот, Лука Грчевски, кој е генерација 2009.