Во недела (08.10) на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, ФК Вардар е домаќин на тимот на Шкендија.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 14:00 часот. ФФМ за главен судија го делегираше Стојанче Трпчевски од Кавадарци, додека негови помошници ќе бидат Даниел Василевски од Скопје и Драган Трпчевски од Кавадарци.
На Вардар му е потребна голема поддршка, за победа против големиот ривал.