Претстојниве денови на програмата е вонредното 7.коло во младинската фудбалска Супер Лига. Вардаровите екипи ги очекуваат натпревари со градскиот ривал, тимот на Работнички.
Во среда (18.10), пионерските екипи ќе гостуваат на Работнички, натпревари, кои ќе се одиграат на теренот на Алумина, со почеток од 10:00 и 12:00 часот.
Во четврток (19.10), со кадетите и младинците сме домаќини на истиов противник. Натпреварите се закажани да се одиграат во истите саатници, на теренот во Кадино.