Црвено-црните куглари беа домаќини на КК Пелистер-Б во последното есенско коло во Македонската кугларска лига. Дуелот се одигра во кугларницата Мусандра во ГТЦ.
Вардар дојде до победа со резултат 6-2. Освоивме 15 сетови и соборивме 3156 “дрва”. Пецо Димовски со 561 имаше најдобар скор кај нас. На “зимување” ќе заминеме на втората позиција на табелата зад шампионот тимот на Макпетрол.