Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски го објави списокот на повикани ракометарки од домашно првенство за претстојната EHF женска недела во месец Ноември 2023.
Планирано е да се одиграат два контролни пријателски натпревари кои ќе бидат од затворен тип со репрезентацијата на Велика Британија.
На списокот се наоѓаат пет ракометарки од Вардар. Се работи за Андреа Илиќ, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Леона Миленкоска и Сара Стефаноска.