Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар поразени од тимот на Бутел
Младинците на РК Вардар поразени од тимот на Бутел

Младинците на РК Вардар поразени од тимот на Бутел

Младинската екипа на РК Вардар е поразена на натпревар од 8.коло во младинската лига. Во салата „Антон Димитров“, Вардар гостуваше на тимот на РК Бутел. Домаќинот до триумф стигна со резултат 30:21  (17:9)

Натпреварот започна со по два гола на двете страни за израмнување на 2:2, кај нас погодија Огнен Тасевски и Давид Најдовски. Голманот на Бутел беше еден од најголемите виновници што домашниот тим имаше предност од осум гола разлика после првите 30.минути. Иако и нашиот голман, Марко Симоновски имаше неколку добри интервенции во првото полувреме. Во 12.минута Бутел се одлепи на четири гола разлика, за Алексеј Цветановски кај нас да го намали резултатот на 7:4. Пропуштивме два напади за да ја намалиме негативата на само два гола разлика, тоа го казни Бутел кој во 21 минута поведе и со 11:6. Продолжи серијата на противникот за предност од 13:6 во 22 минута, по што нашиот тренер побара тајмаут. Во 27 минута преку Иван Најдовски намаливме на 15:9, но на полувреме Бутел имаше високо водство од 17:9.

Интересен беше почетокот на вториот дел, во кој Бутел цели пет минути не постигна гол, додека вардарци постигнаа два гола од својата половина, за намалување на 17:11. На нашиот гол во вториот дел застана Дамјан Стојковски кој нанижа две одбрани, додека Ангел Мирчевски постигна гол за резултат 17:12, за Бутел дури во 37 минута да го постигне првиот гол во второто полувреме. Противникот врати набрзина со серија и во 40.минута имаше двоцифрена предност од 22:12. Со голот на Давид Најдовски во 44 минута ја намаливме разликата на 23:15. Штета што не ги искористивме одбраните на Стојковски, за да се доближиме резултатски до противникот, а Матеј Трпески со погодок го намали резултатот на 23:17 во 49 минута од мечот.На голот го видовме и Филип Митев кој исто така запиша одбрани зад своето име. На крајот Бутел ги освои бодовите славејќи со резултат 30:21.

Давид Најдовски беше убедливо најефикасен играч во нашиот состав, воедно и најдобар стрелец на натпреварот со 9 постигнати голови, додека Ангел Мирчевски имаше 3 погодоци.