Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар домаќин на Гостивар
КК Вардар домаќин на Гостивар

КК Вардар домаќин на Гостивар

Поради обврските кои ги имаат во текот на оваа седмица, трите наши претставници во АБА 2 лигата, осмото првенствено коло ќе биде поделено, на условно кажано, два дела.

Четири натпревари се предвидено да се играат за време на викендот, а два на 22. ноември (среда), а во кои е вклучен и дерби дуелот на две од трите екипата во АБА 2 конкуренцијата, ТФТ Моцарт и МЗТ Скопје Аеродром.

Во саботниот дел, ќе се играат три натпревари, сите во Скопје.

Програмата на 8. првенствено коло стартува од 17.часот, во салата „Независна Македонија“, каде екипата на Навико Академија ФМП (0-6) има уште една шанса да дојде до првата победа во дуелот со екипата на Кожув (2-5).

Едне час подоцна (18.00) во СРЦ „Кале“ (без присуство на публика), ќе се сретнат екипите на Работнички (4-3), и на ГКК Охрид (1-6), додека пак нешто подоцна, во 19.часот, во соседниот спортски објект, оној на КК „Вардар“, екипата на Вардар (3-4) е домаќин на Гостивар (3-4).

Едeн натпревар ќе се игра во неделниот термин, односно од 20.часот. И тоа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, каде екипата на Феникс 2010 (скор 3-4) ќе го дочека составот на Еуро Никел 2005, кој има ефект од пет победи и два порази во седум одиграни мечеви.

Три дена подоцна, односно во среда навечер, двојна програма. Прво, од 19.часот, во салата „Шабан Трстена“, (директен пренос на МРТ 3) кошаркарите на Чаир 2030 (5-2) ќе пробаат да се вратат во победнички ритам во дуелот со битолски Пелистер (5-2), кој е во серија од неколку победи. А половина час подоцна (19.30), во СРЦ „Кале“, ТФТ Моцарт (5-2) ќе го предизвика бранителот на титулата, и актуелен лидер во ова првенство, МЗТ Скопје Аеродром (6-1).

19.00: Вардар – Гостивар

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4CLqUcH51_E?si=L2oQDmdXYZe2iI12