Лефковски ја реши Шкендија, младинците со три бода се враќаат од Тетово, минимален пораз за кадетите.
Денес, кадетите и младинците гостуваа кај екипата на Шкендија, на натпревари од претпоследното есенско коло во Супер Лигата.
Младинците иако имаа негатива, сепак до крајот на натпреварот направија пресврт и на крајот славеа триумф со резултат 1:2.
Уште во 2.минута од натпреварот, домашниот тим успеа да ја погоди нашата мрежа и да поведе со 1:0, резултат со кој се замина и на полувреме. Ние во овој дел од натпреварот имавме можност голема да го израмниме резултатот, но Горјан Цветков не успеа да реализира удар од белата точка, а исто така имавме уште неколку удари кон противничкиот гол, на краток одмор се замина со минимално водство на Шкендија од 1:0.
Вардарци се насочија на комплетна офанзива кон голот на домашниот тим во вториот дел од натпреварот. Таквата игра и даде резултат, а прашање на време беше само кога голманот на тетовчани ќе ја вади топката од својата мрежа. Горјан Цветков овој пат не погреши, кога од многу потешка позиција и далечина од околу 25.метри откосо, успеа со силен и прецизен удар да го матира домашниот голман и во 59.минута да го израмни резултатот на 1:1. Се играше 72.минута кога после одлична асистенција од Агрон Туша, Давор Лефковски беше играчот кој погоди и ни донесе предност од 1:2. На Лефковски дефинитивно му „лежи“ Шкендија, и во денешното соочување со овој противник успеа да се запише во листата на стрелци. До крајот на овој дерби натпревар немаше некои поголеми возбудувања кон двата гола, Вардар успеа да ги освои сите три бода на натпреварот од 10.коло во младинската Супер Лига.
Вардар: Филевски Никола, Кулуковски Влатко, Фидановски Зоран, Спасиќ Тино, Гаштаров Матеј, Јакимовски Лука, Лефковски Давор, Цветков Горјан (К), Николовски Марко, Крстевски Антонијо,Радевски Филип.
Играа уште Туша Агрон, Стефановиќ Виктор и Кузмановски Михаил.
Кадетите се поразени со резултат 1:0, со погодок во последните три минути од натпреварот.
Првиот дел заврши со почетните резултат 0:0. Двата тима имаа свои моменти, ние одигравме добро во поле во првите 45.минути. Имавме одлична шанса преку Кристијан Галевски кој не погоди со глава. Имавме посед сепак за жал на одмор се замина со почетниот резултат.
Домаќинот во вториот период делумно ја презема иницијативата во поле, ние спорадично се заканувавме. По една наша грешка во финишот, тетовчани погодија за конечни 1-0.
Вардар: Краљевски Максим, Поповски Мичо , Настевски Ангел, Туша Харбин, Атанасовски Лука (К), Смиљков Филип, Радески Златко, Миовски Александар, Галевски Кристијан, Шаботиќ Емир и Бектеши Хабиб.
Играа уште: Ѓорѓиевски Матеј, Цековски Давид, Наумовски Лука, Крстевски Марко и Камчев Стојанче.