Во последното есенско коло Вардар ген.2010 во Регионалната лига гостуваше кај Парк и го совлада со 2-3 со што ќе зимува како лидер на табелата.
Првиот дел започна изедначено, Двата тима имаа свои моменти. Се играше борбен и коректен фудбалски натпревар. Се заканивме кон голот на домаќинот преку Ибраими Џихан и Атанасовски Михаил, сепак не погодивме. Тимот на Парк во финишот на првиот дел погоди од слободен удар и за пауза заминавме со гол негатива.
Тргнавме офанзивно на почетокот на 2.дел, најпрвин се закани Јовановски Ведран кој погоди во гредата. Потоа за нас Ибраими Џихан по една мешаница стрелаше за резултатска симетрија 1-1. Стрелецот на голот во следната акција имаше шанса за пресврт, но голманот на домаќинот беше присебен. По една нафрлена топка Краљевски Мартин беше најумешен и погоди за целосен пресврт стрелајчи за 1-2. Домаќинот доби пенал во следната акција и изедначи на 2-2. Ибраими со својот втор гол денес донесе радост и победа од 2-3 во финишот.
⚫Вардар: Ангеловски Марио, Стојановски Матеј, Трпевски Матеј, Митевски Лука, Ибраими Џихан, Атанасовски Михаил, Антевски Павел, Јоакимовски-Јакимовски
Лука, Јовановски Ведран, Краљевски Мартин и Кичевски Дамјан.
Играше уште и Нушевски Мирослав.
Вардар ген.2009 без бодови од денешното гостување
Во рамки на последниот дуел од есенскиот дел во Регионалната лига, Вардар ген2009 како гостин беше поразен од Парк со 4-0 (2-0)
Дуелот започна со цврста игра на средина на теренот. Противникот искористи два кикса во нашата одбрана и погоди за 0-2, по 15.минути игра. Тренерот Колевски уфрли свежи играчи од клупата на средината на првиот дел. Немавме големи прилики за преполување на предноста. Колевски Даниел во финишот се обиде од дистанца топката мина крај гол-конструкцијата. На одмор заминавме со негатива.
Домаќинот нападна на почетокот и успеа да поведе со високи 3-0 по 10.минути игра во вториот дел. Не успеавме да погодиме до крајот, Парк успеа да победи со резултат 4-0
❤Вардар: Павловски Давид, Колевски Даниел, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Павлов Вито, Нешовски Ангел, Бошковски Коста, Павловски Давор, Ангеловски Вилијам, Галевски Лука и Јовиќ Андреј.