Пионерите на Вардар и Шкендија ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат (0:0), на дерби натпреварот од 10.коло во пионерската Супер Лига.
Видовме цврст натпревар со многу дуели од двете страни и двете екипи имаа свои обиди, Шкендија имаше две сериозни прилики да го отвори резултатот, но денес на нашиот гол одличен беше Лука Грчевски (2009) кој одбрани два сериозни удари на противникот.
Ние се заканивме исто така во неколку наврати, преку Дрогрешки, Керими и Атанасовски, но денес на натпреварот кој се одигра на теренот во населбата Аеродром не видовме погодок.
Вардар: Лука Грчевски, Алексеј Ивановски, Фуад Керими, Стефан Атанасовски, Иван Блажевски (К), Ненад Стојанчевски, Гаврил Петаноски, Филип Стефанов, Бобан Бакрачески, Миле Дрогрешки и Филип Дамевски.