Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар подобар од Шкендија, пом.пионери се вратија на победите 
Вардар подобар од Шкендија, пом.пионери се вратија на победите 

Вардар подобар од Шкендија, пом.пионери се вратија на победите 

Денес на теренот во населбата Аеродром, се одигра дербито во помладата пионерска Супер Лига, кое му припадна на Вардар. Играчот на одлука беше Стефан Бујароски кој погоди за три победа и триумф за Вардар во дербито со Шкендија. Конечниот резултат гласеше 1:0 (1:0).

Избраниците на Влатко Колев повеќе ја посакуваа победата на овој натпревар на крајот заслужено славеа. Првата поголема прилика во нашите редови ја имаше Петар Блажевски, кој биеше крај голот, додека во 42.минута одличен гол постигна Стефан Бујароски за предност од 1:0. Истиов играч само минута порано се најде во добра прилика, но биеше само крај голот на тетовчани.

Во второто полувреме, Вардар исто така имаше поголем посед на топка и беше поконректен. Во добра шанса се најде Буцевски, но и гостинот имаше добра прилика, која ја скроти Павел Грбевски. Обид кај нас до крајот на натпреварот имаше и Душан Бојовиќ Заев, но одбрани голманот на противникот. На крајот триумф за Вардар со резултат 1:0

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветкоски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски, Душан Бојовиќ Заев, Стефан Бујароски, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Стефан Стаматоски и Данило Делев.