Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија носител во ждрепката за С.П во Франција, познати можните противници
Македонија носител во ждрепката за С.П во Франција, познати можните противници

Македонија носител во ждрепката за С.П во Франција, познати можните противници

Македонската ракометна А-селекција го освои 11.место на Европското првенство во Полска и со тоа се избори да има фаворитски статус во ждрепката за бараж-двомечот за Светското првенство во Франција кое ќе се игра во 2017 година.

Македонија во баражот за Светското првенство Франција-2017 може да се сретне со 3-те последнопласирани селекции од ова Европско или со 6-те победници од прет-квалификациските групи. Ждрепката за бараж-двомечот за С.П во Франција ќе се извлече во недела со почеток во 13-00 часот. Можни противници на избраниците на Ивица Обрван се следниве репрезентации : Србија, БиХ, Словенија, Црна Гора, Португалија, Австрија, Чешка, Летонија, Холандија.