ПОЛУФИНАЛЕ ЗА ГЕНЕРАЦИЈА 2012 НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „БАЛКАН ПРОМИСЕС“
После голема борба, младите надежи предводени од Сашо Тодоровски успеаа во 1/4 финалето на турнирот во Охрид да го победат тимот на Некст Левел со резултат 1:0.
Претходно во групната фаза, остваривме две победи и еден пораз, за денес во четвртфиналето да го победиме тимот од Охрид.
Утре на програмата се завршните натпревари на турнирот. Честитки до вардаровите надежи за победата и среќа за нив во борбата за пласман во големото финале.