Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците се есенски шампиони во Супер лигата
Младинците се есенски шампиони во Супер лигата

Младинците се есенски шампиони во Супер лигата

Младинците станаа есенски шампиони, финиширајќи на првото место во младинската Супер Лига.

Екипата предводена од Трајче Стојковски освои вкупно 28 бодови, или шест повеќе од екипите на Брера и Брегалница, кои се наоѓаат на второто и третото место на табелата. На 11 одиграни натпревари остваривме 9 победи, 1 нерешен резултат и само 1 пораз, на гостувањето кај екипата на Беласица. Заедно со екипата на Брера го имаме најдобриот напад во лигата, со постигнати 42 голови, а вардарци ја поседуваат најдобрата одбрана со само 9 примени голови во есенскиот дел.

Дури 15 играчи се запишуваа во листата на стрелци во есенскиот дел за младинскиот тим, а прв на целта помина Матеј Гаштаров кој постигна 6 голови. Горјан Цветков е втор на листата со 5 погодоци, додека по 4 имаат Агрон Туша и Марко Николовски. Лука Јакимовски, Антонијо Крстевски, Филип Радевски и Никола Уневски имаат по 3, Максим Бундалески, Михаил Кузмановски, Давор Лефковски и Зоран Фидановски постигнаа 2, додека Бојан Јаневски, Виктор Стефановиќ и Димитар Стојановски постигнаа по 1 гол.

Во пролетниот дел сите сили ќе ги насочиме во освојување на шампионската титула во првенството, со оглед дека ги завршивме настапите во Купот, откако во 1/8 финалето во еден натпревар бевме поразени од екипата на Брера Струмица.

Вардарци се со големи шанси да останат на првото место на табелата и на крајот од сезоната, со оглед дека во вториот дел од сезоната натпреварите против директните конкуренти за трофејот, ќе ги игра на домашен терен.