Искусниот Марјан Алтипармаковски е новиот играч во редовите на ФК Вардар. Се работи за доста искусно и проверено фудбалско име, кое низ годините има добри сезони во ПМФЛ. Алтипармаковски доаѓа по желба на стручниот штаб и ќе биде задолжен да ја подобри ефикасноста на тимот.
Покрај него, во Вардар се враќа и Александар Ѓурковски. Ѓурковски потекнува од школата на Вардар, игра на позицијата стопер, а враќањето му е од екипата на Тиквеш. И двајцата веќе се со екипата на подготовките во Гевгелија.
Инаку, што се однесува до преодниор рок – Вардар ќе се засили и со аргентинецот Франко, а вчера официјализиран е Дејан Ѓуриќ. Во игра се и уште низа на други засилувања. Дефинитивно Марјан Ристовски отпадна од потенцијално засилување.