Младинките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната во лигата на второто место. Беа забележани вкупно четири победи и два порази. Лигата ја сочинува само седум ракометни екипи, од тука и малиот број на одиграни натпревари
-Генерално сум задоволна од резултатите и игрите на својот тим во првиот дел од сезоната и покрај тоа што изгубивме од Металург а додека за поразот во Делчево вината беше во некомплетната екипа. Во вториот дел од сезоната се надевам дека ќе ги подобриме резултатите, ќе играме подобро и посигурно и ќе успееме да го освоиме првото место.
Изминатиов период младинките имаа можност да бидат дел од два ракометни турнири. На “Трофеј Белград“ црвено-црните го освоија четвртото место. На второто издание на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ избраничките на Билјана Пецевска завршија на првото место.
-Во врска со турнирот во Белград сметам дека можевме многу повеќе, дел од екипите беа поспремни играа на свој терен и имаа подобра и поуспешна игра. За разлика од турнирот во Белград, турнирот Вардар-“еден живот, една љубов“ го изигравме поспремно, посигурно и бевме убедени дека ќе го освоиме .Сите ние максимално ја искористивме својата шанса и резултатот беше очигледен. Екипата беше желна за победа и го освоивме првото место како и минатата сезонa, изјави Матеа Спасовска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски