Викендов по паузата во ЕХФ лигата на шампионките на програмата е третото коло од главната групна фаза во ова најквалитетно ракометно натпреварување за дамите. Вардарки дома го пречекуваат тимот на Шведскиот шампион Савехоф кој е “фенерџија“ во групата без освоен бод и е безмалку без шанси за пласман во следната елиминациска рунда. Црвено-црните на овој меч ќе ги води од клупата Индира Кастратовиќ која нема да ја има помошта на Јан Питлик, тој и клубот се договорија за спогодбено раскинување на договорот за соработка.
За разлика од гостинот кој е во незавидна позиција нашиот ракометен шампион забележи поразот во Подгорица и сега има императив да се врати на победите и да фати приклучок кон позииците кои ќе носат полесен противник во 1/4 од ЛШ. Картите за дуелот веќе се во продажба цела седмица, и истите можат да се набават секој ден пред билетарницата на спортскиот центар Јане Сандански во периодот од 10-18 часот. Истите можат да се добијат и онлајн преку Ticketplus. mk. Цената на истите изнесува: За на трибините билетот е 180 денари, за во ВИП Зоните влезот ќе чини 400денари, а во ВИП Собите истиот изнесува 1000 денари.
Мечот ќе биде одигра на 6-ти февруари (сабота) со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански.