Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најави од играчите на Борац пред мечот со Вардар: Тие се многу силна екипа и еден од кандидатите за освојување на лигата на шампиони
Најави од  играчите на Борац пред мечот со Вардар: Тие се многу силна екипа и еден од кандидатите за освојување на лигата на шампиони

Најави од играчите на Борац пред мечот со Вардар: Тие се многу силна екипа и еден од кандидатите за освојување на лигата на шампиони

Утре со почеток од 20 часот, црвено-црните ќе го одиграат првиот натпревар во новата година и тоа во рамките на сеха-лигата, против екипата на Борац од Бања Лука. Во редовите на Босанскиот шампион владее позитивна атмосфера и надеж дека може да се изненади силниот Вардар, иако со потенцирање дека ќе биде максимално тешко да се победи нашиот шампион.

-Мислам дека тоа ќе биде квалитетен натпревар за сите љубители на ракометната игра, кои се надевам дека ќе дојдат утре да ни дадат поддршка. Вардар е учесник во лигата на шампионите, многу добра екипа со квалитетни интернационалци, од кои повеќето се репрезентативци на својата земја. Тешко е да се говори за успех кога имате ривал како Вардар, но останува отворено прашањето со кој состав тие допатуваа во Бања Лука. Може и ќе настапат во комбиниран состав, што нас ни дава шанса со голема поддршка од трибините, максимално ангажирање и со малку спортска среќа, да можеме да оствариме поволен резултат. Да зборуваме за победа може е малку преоптимистички, но ветувам дека ќе дадеме максиум од себе да изненадиме, изјави Милош Нјезиќ

Еден од играчите кои го засилија тимот на Борац пред продолжување на натпреварите во сеха-лигата е Иван Думенчиќ кој дојде од тимот на Дубрава од Загреб.

-Поволна околност за нас е тоа што најголем дел од Вардаровите ракометари беа дел од своите селекции на Европското првенство во Полска и ќе се обидеме со добра игра да ги изненадиме. Незнам дали ќе успееме, но ќе пружиме силен отпор. Тие се многу силна екипа и еден од кандидатите за освојување на лигата на шампиони и нема да ни ни биде лесно против нив. Приоритет е да ја освоиме двојната круна во Босна и да забележиме што повеќе победи во сеха-лигата, изјави Иван Думенчиќ