Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Марија Дамовска: Ќе се вратам од наредната сезона со поголема желба за уште подобри резултати
Марија Дамовска:  Ќе се вратам од наредната сезона  со поголема желба за уште подобри резултати

Марија Дамовска: Ќе се вратам од наредната сезона со поголема желба за уште подобри резултати

Во наредниов текст ве запознаваме со Марија Дамовска која настапува за кадетската екипа на Жрк Вардар Јуниор. Таа беше најефикасна ракометарка за својот тим во првиот дел од сезоната во лигата.

-Почнав да тренирам ракомет благодарение на моите родители кои ме однесоа на првите тренинзи во школото Р.К. Кастратовиќ. Љубовта кон ракометот потајно “тлееше# во мене можeби дека мојата мајка тренираше ракомет. Првите впечатоци за ракометот се појавија во моето рано детство, бидејки во мојот дом од секогаш се следеше ракометот. Најпрво почнав да тренирам во Р.К. Кастратовиќ со тренерите Индира и Зоран Кастратовиќ кои ме воведоа во основите на ракометот и тука останав четири години. Потоа преминав во Р.К. Вардар и таму играм веќе две години.

Првиот дел од сезоната, кадетките на Жрк Вардар Јуниор го завршија на петтото место на табелата, со само една победа и четири порази. Инаку тие се натпреваруваат во лига, генерација родени 1998 година, а кадетките на Вардар се генерациски помали од останатите.

-Во првиот дел од сезоната игравме со повозрасни од нас, од резултатите лично не сум задоволна бидејки можевме и подобро. Тренирав напорно и резултатите дојдоа сами по себе и чуството да се биде најдобар стрелец и лидер во својата екипа е прекрасно.

Избраничките на Анжела Платон имаа можност да бидат дел од силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“ , на кој го освоија чевртото место. На овој турнир Дамовска доби незгодна повреда, која ќе ја одалечи од терените до крајот на оваа сезона.

-На турнирот “Трофеј Белград” мојот впечаток е дека таму имаше поспремни екипи од нас и заслужено го освоија турнирот. На тој турнир дадов се од себе, сепак се случи повреда на коленото кое ме спречува втората сезона да ја поминам на терен. Но тоа не ме спречува да се вратам во наредната сезона со поголема желба за уште подобри резултати.

Нејзината мајка Здравка Дамовска, работи како тренер во школата Рк Кастратовиќ, која се натпреварува во Јуниор лигата, со генерација родени 2002/03 година.

-Мојата мајка ми е најголема поддршка и секогаш ми укажува на моите грешки. Нејзиното знаење секогаш го споделува со мене и е од големо значење за мојот напредок.

На турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ нејзината екипа заврши како второпласирана, откако во финалниот натпревар беа поразени од “сестринската“ екипа на Жрк Вардар.

-Им посакувам многу успеси во вториот дел од сезоната на моите соиграчи. Јас на споменатиов турнир не учествував, но го следев и мојот впечаток е дека со добар тренинг секогаш може повеќе, изјави Марија Дамовска за Вардар фанс.

Звонко Ивановски